ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 660 украински беспилотни летала, што претставува еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната.

Според министерството, дроновите биле пресретнати во повеќе од десет региони, меѓу кои Московската област, анектираниот Крим, како и над Црното и Азовското Море.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 47 дронови биле насочени кон главниот град, но сите биле пресретнати. Тој наведе дека итните служби интервенираат на местата каде што паднале остатоците од леталата, без информации за жртви или поголема материјална штета.

Во Тулската област, околу 180 километри јужно од Москва, регионалниот гувернер Дмитриј Милаев соопшти дека во, како што наведе, „масовниот“ напад била оштетена една приватна куќа во округот Шчекино, при што била повредена една жена.

Украина во последните месеци ги засили нападите со беспилотни летала врз руска територија, особено насочувајќи се кон енергетската инфраструктура. Минатата недела, во украински напад избувна голем пожар во нафтена рафинерија југоисточно од Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека, по состанокот со директорот на Службата за безбедност на Украина, одобрил 40-дневна кампања на напади врз руски цели со цел да се зголеми притисокот врз Москва да ја прекине војната.

Тврдењата за бројот на соборени дронови не можат независно да бидат потврдени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад со балистички ракети на Киев, најмаклу шестмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

ВИДЕО: Гори околината на Москва, жесток украински напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски