Сеизмолози: Ова во Венецуела не беше класичен земјотрес, туку редок феномен – двојно расцепување

Од:

Смртоносните земјотреси што ја погодија Венецуела за краток временски период предизвикаа загриженост низ целиот регион, а експертите велат дека не станува збор за класичен земјотрес, туку за редок сеизмолошки феномен.

Силен земјотрес од 7,2 степени, а потоа, само 39 секунди подоцна, уште поразорен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Венецуела во близина на главниот град Каракас.

Разорните земјотреси, еден по друг во многу краток временски интервал, се најсилните регистрирани во земјата за повеќе од 100 години, според податоците од Геолошкиот завод на САД (USGS). Повеќе од 20 последователни потреси беа регистрирани и по првите најсилни потреси доцна попладне во средата по локално време.

Каракас, град сместен речиси на брегот на Карипското Море е дом на над 2,2 милиони луѓе.

Земјотресите предизвикаа загриженост низ целиот регион поради нивната магнитуда и разорните ефекти. „Ла Насион“ пишува дека во соседството на Ел Параисо владее целосна агонија.

Претседателот на Геофизички институт на Перу (IGP), Хернандо Тавера, рече дека не станува збор за класичен земјотрес, туку за редок, но добро познат сеизмолошки феномен – двојно расцепување.

Според него, земјотресите во Венецуела не биле еден настан, туку два одделни процеси на ослободување на енергија што се случиле речиси последователно, со разлика од само неколку десетици секунди.

– Се случија два процеса на пукање, нешто слично се случи во Писко, во Перу, во 2007 година – рече Тавера.

Тој изјави дека двата сеизмички настани биле одделени само со неколку десетици секунди.

– Стануваше збор за два процеса на пукање одделени со околу 30-40 секунди – рече Тавера.

Геолошкиот завод на САД (USGS) вели дека потресите ќе предизвикаат голем број жртви и голема материјална штета, со 44 проценти веројатност дека бројот на жртви ќе надмине 10.000 и 30 проценти веројатност дека ќе надмине 100.000.

Тоа е катастрофа од огромни размери.

Тавера ги спореди потресите во Венецуела со разорниот земјотрес што го погоди градот Писко во Перу во 2007 година, една од најлошите природни катастрофи во поновата историја на земјата. А потоа се случи двојно пукање на раседот, што го продолжи времетраењето на тресењето и значително го зголеми уништувањето.

Таквиот механизам, објаснува зошто многу Венецуелци пријавиле дека почувствувале невообичаено долг и силен потрес.

Тавера, исто така, потсети дека погодениот регион историски припаѓа на многу активна сеизмичка зона.

– Северот на Венецуела е област со висока сеизмичка активност – рече тој, додавајќи дека близината на епицентарот до урбаните области дополнително ја зголемила деструктивната моќ на ударот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 188

А1он

Најмалку 164 загинати и над 11.000 исчезнати по катастрофалниот земјотрес во Венецуела

А1он

ВИДЕО Снимките од Венецуела се ужасни: Згради се урнаа, некои срамнети со земја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од моментот на страотниот удар на аеродромот во Каракас

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимен моментот на страшниот удар во Венецуела

(ВИДЕО) Се слушаат луѓе како повикуваат на помош: Потресни снимки од Каракас, жителите ноќта ја минуваат на отворено и трагаат по исчезнатите