Педесет и четиригодишен пешак од Велес загина во сообраќајна несреќа што се случила на 22 јуни околу 11 часот на улицата „Раштански пат“ во Велес.
Според информациите од полицијата, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки и приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д. (55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ. (54) од Велес.
Пешакот им подлегнал на повредите на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Велес.
Возачот е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на несреќата.
