Истрагата за ФФМ се проширува: Обезбедени уште четворица осомничени, еден заврши во притвор

Од:

Истрагата поврзана со работењето на Фудбалската федерација на Македонија продолжува со нови активности на надлежните органи, кои успеаја да обезбедат уште четири лица опфатени со предметот, а кои досега биле недостапни за органите на прогонот.

Двајца од осомничените денеска беа спроведени пред судија на претходна постапка. По разгледување на предлозите на обвинителството, за едно лице е определена мерка притвор, додека за второосомничениот се изречени мерки за претпазливост и обезбедување на неговото присуство во натамошната постапка.

Останатите двајца осомничени се очекува во текот на утрешниот ден да бидат изведени пред надлежен судија, кој ќе одлучува за мерките што ќе им бидат определени.

Од институциите засега не откриваат повеќе детали за улогата на осомничените ниту за конкретните дејствија што се предмет на истрагата. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на процесните дејствија и одлуките на судот.

Случајот предизвика голем интерес во јавноста, особено по неодамнешните приведувања и истражни активности поврзани со поранешни функционери и лица поврзани со Фудбалската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

ОД ФФМ испрале 3 милиони евра, Финасиска полициска со детали за двајцата претеседатели

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски приведен во истрага што опфаќа повеќе лица и компании

Горан Наумовски

ФФМ: Ванче Шиков веќе не е дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски