УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Од:

Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа.

На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во јули.

За претстојното лето се очекува вкупните сезонски врнежи генерално да бидат пониски од повеќегодишниот просек во повеќето делови од земјата, со умерена веројатност за исполнување на прогнозата.

– Земајќи ги предвид досегашните анализи, климатските промени дополнително го засилуваат влијанието на условите на Ел Нињо, со што се зголемува веројатноста за појава на екстремни временски настани, како топлотни бранови, суши и пожари. Од друга страна, долготрајните периоди без врнежи создаваат услови за појава на екстремни поројни дождови и поплави, што ја нагласува комплексноста и непредвидливоста на климатските ризици – посочува Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло до 38 степени

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

Мерџановски: Зголемен број на пациенти кои се повредени во сообраќајки, a регистрирани се и колапси поради жештините

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени