Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.06 часот во Кина.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 37,9396 и географска должина 95,5568, 260 километри југоисточно од Дунгуанг.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.
Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
