Повеќе од две милијарди денари легнаа на сметките на тутунопроизводителите

Од:

Министерство за финансии (МФ) денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

– Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност, соопшти МФ.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор, стои во соопштението од МФ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Новиот закон за тутун е усогласено и балансирано решение

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Горан Наумовски

Загрижувачки податоци: Трошиме повеќе пари за алкохол и тутун отколку за здравје и образование

Горан Наумовски

Платформата Omni е прогласена за најдобра ПР кампања за 2025 година – чекор поблиску до целите на БАТ за изградба на „свет без чад“

Катерина Ѓуровски

Тутунските компании одлучни во целта да се подобри јавното здравје со инвестиции во помалку штетни никотински алтернативи

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски