Полицијата уапси странец кој се шеташе во касарната „Илинден“ во Скопје

Од:

Во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го уапсија Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Странецот е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Американец незаконски влегол во касарната „Илинден“, известени се ОЈО и АНБ

Горан Наумовски

Осомничен убиец и крадец од Албанија нападна полицајци на преминот „Долно Блаце“

Горан Наумовски