(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Од:

Голем пожар избувна во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград. Голем број противпожарни екипи се на местото на настанот и се борат со пожарот. Тие се обидуваат да спречат ширење на пожарот кон други објекти, па затоа го гаснат од повеќе насоки. Во гаснењето на пожарот учествуваат 45 пожарникари, со 14 возила. Командантот на противпожарната бригада на Белград, Драган Мирковиќ, изјави дека во пожарот нема повредени цивили, додека двајца пожарникари се полесно повредени. Тој рече дека пожарот е под контрола. Пожарот избувнал околу шест часот, а Мирковиќ истакнува дека од пожарот се зафатени помеѓу 60 и 70 продавници.

„Најважно е што нема жртви или повредени. Сè уште работиме на гаснење на пожарот. Гаснењето на пожарот е отежнато од самата конструкција на зградата, која е направена од „сендвич панели“ и други постари материјали“, изјави Мирковиќ за РТС.

Би можело да ве интересира

Нов пожар кај Омиш кој им се заканува на Свинишќе и Подашпиље

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

Три пожари во велешко за еден ден, активен крак на пожарот меѓу Сопот и С’лп

Се гаснат шест пожари, под контрола се два

ВИДЕО: Голем пожар, итна евакуација на Халкидики

Предраг Петровиќ

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати