Атлетико одби од Реал Мадрид понуда од 150 милиони за Хулијан Алварез

Од:

Војната на фудбалскиот пазар меѓу ривалите на Мадрид доби нова димензија откако Реал Мадрид се обиде да го ангажира аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид одби понуда вредна 150 милиони евра.

Како што беше објавено, раководството на Атлетико се заблагодари на понудата, но јасно стави до знаење дека не планира да продаде еден од своите најважни играчи, наведувајќи ја откупната клаузула и стратешката важност на аргентинскиот напаѓач за тимот.

Алварез пристигна во Атлетико во август 2024 година од Манчестер Сити за околу 95 милиони евра, а оттогаш стана клучен играч во нападот на „црвено-белите“.

Во досегашниот период за мадридскиот клуб одигра 106 натпревари и постигна 49 гола, потврдувајќи го својот статус како еден од најефикасните напаѓачи во европскиот фудбал.

Оваа сезона, Аргентинецот постигна 20 гола и девет асистенции во 49 настапи, што повторно го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Реал Мадрид наводно бил подготвен да ги сруши клупските рекорди за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“, но Атлетико останал непоколеблив во ставот дека еден од нивните лидери не е на продажба.

Овој потег дополнително потврдува колку се затегнати односите меѓу ривалите на Мадрид, особено кога станува збор за директни трансфери на играчи кои играат клучна улога во двата проекти.

Би можело да ве интересира

Реал со ултиматум за Винисиус: Потпиши или оди си!

А1он

Реал Мадрид остана без трофеј, а оствари рекордни приходи

А1он

Винисиус Жуниор се сели во Арсенал?

А1он

Арсенал нуди 100 милиони евра и Ѓокереш за аргентинската ѕвезда

А1он

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он