Доналд Трамп објави дека војската го информирала дека Иранците го собориле американскиот високо софистициран хеликоптер Апачи.
„Тукушто бев информиран од нашата Голема Армија дека Иранците собориле еден од нашите високософистицирани хеликоптери „Апачи“ синоќа додека патролирале над Ормутскиот теснец. Двајца пилоти биле вклучени во нападот, двајцата се безбедни и неповредени“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Тој додаде дека, сепак, САД мора нужно да одговорат на овој напад.
Во меѓувреме, беше објавен и одговорот на Иран.
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ги предупреди САД да не ги прекршуваат своите обврски и се закани со ескалација ако дипломатските напори не успеат.
„Ние го претпочитаме јазикот на дипломатијата, но многу потечно зборуваме други јазици. Прекршете ги вашите обврски и ние ќе продолжиме со она што најдобро го зборуваме“, напиша Галибаф на X.
Објавата дојде само неколку минути пред американскиот претседател Доналд Трамп да изјави дека САД „мора да одговорат“.
Трамп, изјави дека во наредните денови може да се постигне договор со Иран.
Додека Вашингтон зборува за напредокот на преговорите, Техеран вели дека останува отворен за дијалог, но сè уште нема доверба во американската страна.
