Израелскиот претседател Шимон Перес од денеска до четврток престојува во официјална посета на Атина, по покана од грчкиот претседател Каролос Папуљас.
Перес денеска ќе се сретне со Папуљас, а потоа ќе има одвоени средби и со премиерот Андонис Самарас, лидерот на Сириза Алексис Ципрас и со шефот на ПАСОК Евангелос Венизелос.
Перес утре ќе положи и венец на гробот на Незнајниот војник на плоштадот Синтагма, а потоа ќе му биде доделен Златен медал на грчкиот Парламент.
Израелскиот претседател во Атина ќе се сретне и со членовите на еврејската заедница, а ќе го посети и новиот Музеј на Акрополис каде ќе има работен ручек со министерот за култура Константинос Арванитопулос.