Левица: Куклица во заложништво на институционалната негрижа – незаконска наплата за влез на локалитетот

Од:

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа, велат од Левица.

– За локалитетот и претходно има поднесени кривични пријави и реакции од граѓани, но нелегалната наплата за влез продолжува непречено. Доколку е точно дека дури ниту полицијата не успева да стави крај на ваквата практика, тогаш проблемот одамна престанал да биде локален инцидент и прераснал во симбол на нефункционалноста на државата.

Куклица не е обичен туристички локалитет, туку редок геолошки феномен со над 120 природно формирани камени столбови, место кое со децении се промовира како една од најпрепознатливите природни знаменитости на Македонија и кое претставува дел од нашиот национален идентитет и туристичка понуда.

Прашање е како е можно државата да не може да воспостави ред на сопственото заштитено подрачје. Ако за еден локалитет од вакво значење институциите со години не можат да обезбедат законитост (а не е единствениот), тогаш каква порака испраќаме за заштитата на културното и природното наследство воопшто?

Особено загрижува фактот што често слушаме големи зборови за заштита на наследството, туризмот и промоцијата на природните богатства, но кога ќе дојде моментот да се заштити едно конкретно место, институциите остануваат неми. Наместо државата да биде гарант на јавниот интерес, впечатокот е дека се повлекува пред поединци кои со години воспоставуваат сопствени правила.

Куклица е тест за капацитетот на државата да го заштити она што самата го прогласила за вредност од јавен интерес. А кога еден од најпознатите природни феномени во Македонија станува пример за институционална немоќ, штетата е врз угледот на целата држава, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја излажа јавноста – вмровецот Дарко Костадиновски на чекор да стане универзитетски професор во Штип

Горан Наумовски

Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители – гориво за приватни возила и спорни надоместоци

А1он

Левица: Обезбедувач на Мицкоски доби условна казна за семејно насилство, дали ова е правдата што ја ветуваше власта?

Горан Наумовски

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски