Хакаби: Иран и неговите агенти сакаат да нè уништат

Од:

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека „Техеран сака да ги запали Америка и Израел“.

– Иран лансираше ракети кон Израел синоќа и рано утрово. Предупредувањата за ракети беа испратени во 6 часот наутро во Ерусалим. Фала му на Бога, ракетите беа пресретнати. Иран и неговите зли агенти сакаат да ја запалат Америка и Израел. Матичниот брод на Сатаната е во Техеран, објави Хакаби на својот профил X.

Израел започна воздушни напади врз централен и западен Иран рано утрово, откако Иран лансираше 10 ракети кон северен Израел во неделата како одговор на израелските напади врз јужните предградија на Бејрут.

Иранската државна телевизија објави дека звукот на експлозии се слушнал во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран, но нема дополнителни информации за жртви или материјална штета, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“