Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле пронајдени три починати лица, а по наредба на јавен обвинител во сите случаи е наложена обдукција.
Како што информира МВР, на 6 јуни во 08:40 часот било пријавено дека во селото Кучково, под патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат Ц.Р. (67) од селото Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, по што бил извршен увид. Телото е предадено за обдукција.
Истиот ден, во 20 часот, во дом на подрачјето на Општина Центар бил пронајден починат Б.О. (69). Според лекар од Итната медицинска помош, смртта била констатирана без видливи траги на насилство. По извршениот увид, телото било предадено на Судска медицина за обдукција.
Претходно, околу 16:52 часот, во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е. (63), државјанин на Турција со престој во земјава. И во овој случај лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Надлежните институции работат на утврдување на причините за смртта во сите три случаи.
