Намален бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Би можело да ве интересира

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Негативен природен прираст во 66 општини во земјава

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Намален бројот на работници во индустријата

Домашното рударство во слободен пад, додека глобалната трка по нови наоѓалишта се засилува

А1он