Нападите со беспилотни летала на Украина длабоко на руска територија предизвикуваат „паника“ во Кремљ, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас наведувајќи дека Москва го напаѓа Киев со зголемен број напади.
Украинските беспилотни летала денеска нападнаа енергетски и воени објекти во Санкт Петербург, додека официјални лица се собраа на главната економска конференција на рускиот претседател Владимир Путин во градот.
– Ова јасно ја покажува паниката и на руска страна – причината зошто ги зголемуваат терористичките напади што ги извршуваат во Украина е тоа што не знаат што да прават со овие работи – рече Калас.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша нападите како „фер“ одмазда за руското бомбардирање на Украина и се закани дека ќе започне уште.
– Украина навистина ги зголеми длабоките напади врз нафтените инсталации, бидејќи нафтата ја финансира војната во Украина – рече Калас.
– Во исто време, гледаме дека Путин губи пари, луѓе и моментум, и затоа ги зголемува нападите врз цивили – додаде таа.
