Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

Од:

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, а на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива.

„Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении според нив и замислете да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море“, рече Филипче.

Тој нагласи дека таквото однесување нема никаква врска со патриотизам туку со лицемерие.

„Дали е тоа патриотизам? Не, почитувани граѓани, тоа е само едно големо лицемерие“, истакна Филипче.

Филипче посочи дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, уште еднаш ја потврди вистината дека уставните измени се единствениот услов за продолжување на европскиот пат на државата.

„Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, сѐ друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен