До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Од:

Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата.

– Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура – рече Мицкоски по отворање на новиот базен „Карпош“.

Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.

– Планираме тие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори – додаде Мицкоски.

Во врска со здравствената состојба на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека тоа е лично прашање.

– Тоа се лични прашања и навистина не би сакал да ги коментирам. Ги осудувам сите политички актери што се обидуваат да добијат политички поени врз туѓа мака и лични околности – изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата