Трамп за новиот потег на Иран: Tие се подобри преговарачи од борци

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не го контактирал во врска со медиумските извештаи за прекин на мировните преговори, пренесува NBC News.

„Тоа е очекувано, бидејќи тие се подобри преговарачи од борци“, рече Трамп во краткиот разговор.

„Тоа не значи дека ќе почнеме да фрламе бомби во сите правци. Блокадата останува на сила“, додаде тој, истакнувајќи дека верува оти „има премногу разговори“ и дека „молчењето би било многу добро“.

Изјавите доаѓаат откако полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним објави дека иранските преговарачи ќе ги прекинат „разговорите и размената на пораки преку посредници“.

Агенцијата, исто така, објави дека Иран започнал целосна блокада на Ормутскиот теснец и ќе го таргетира теснецот Баб ел-Мандеб, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан.

Би можело да ве интересира

Трамп сака неговиот лик да се најде на банкнота од 250 долари

А1он

САД и Иран постигнаа договор за примирје – се чека одобрување од Трамп

А1он

Трамп: Нема брзање за постигнување нуклеарен договор со Иран, времето е на страната на САД

А1он

Бивол во Бангладеш доби име по Доналд Трамп, причината е очигледна

А1он

Трамп со ултиматум за Иран: Имате уште два-три дена, во спротивно ќе следат „дополнителни воени дејствија“

А1он

Трамп: Го убивме најактивниот терорист во светот

А1он