Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Од:

Полициски службеници од СВР Куманово на 31 мај во 21:15 часот го лишиле од слобода Д.П. (35) од Куманово, осомничен дека противправно држел и малтретирал 36-годишен сограѓанин.

Според информациите од полицијата, осомничениот од 23 часот на 29 мај до 7 часот на 31 мај, без согласност на жртвата и со употреба на сила, го држел во својот дом неговиот познаник од Куманово.

Во текот на тој период, како што е пријавено, Д.П. повеќепати физички го нападнал лицето, го принудувал на орални сексуални дејствија и на користење дрога.

При приведувањето, кај осомничениот биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

Д.П. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар