Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Од:

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.6. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни.

– Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици. Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност, извести владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Горан Наумовски

Првремено примирје меѓу САД и Иран, падна цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Калибаф: Америка се казни себеси со троцифрени цени на нафтата наместо Иран

Повторно расте цената на нафтата

Иран извезе нафта во вредност од шест милијарди долари за време на примирјето со САД

Горан Наумовски