Зеленски: Се подготвуват масовни руски воздушни напади врз Украина

Од:

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски го повтори своето предупредување за голем руски воздушен напад врз Украина.

– Разузнавачките извештаи за можен тотален напад остануваат валидни, изјави претседателот еден ден откако првично предупреди за претстојниот напад.

Тој ги повика Украинците да не ги игнорираат воздушните напади.

Иако воздушната одбрана на Украина е во состојба на висока готовност, Зеленски призна проблеми со западните залихи за одбрана на земјата од балистички и крстосувачки ракети.

Украина се бори против руската инвазија повеќе од четири години со помош од Запад. Завојуваните страни интензивно користат беспилотни летала и ракети против цели на непријателска територија.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир