Русија напаѓа воени аеродроми, енергетска и транспортна инфраструктура во Украина

Од:

Руските воени сили започнаа напад врз воени аеродроми, енергетски објекти и транспортна инфраструктура што ги користат украинските вооружени сили, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

„Како одговор на терористичките напади на Украина врз цивилни цели во Русија, руските вооружени сили започнаа напад користејќи прецизно водено копнено и воздушно оружје со долг дострел и беспилотни летала за да нападнат воени аеродроми, енергетски и транспортни инфраструктурни објекти што ги користат украинските вооружени сили“, соопшти руското министерство, објави ТАСС.

Според соопштението, целите на нападот се постигнати и сите назначени цели за удар се погодени, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Подубни: Киев ја плаќа цената на присилната мобилизација

Горан Наумовски

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Лавров: Путин не крие дека ситуацијата е сериозна

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација