Иран: Трамп не е преговарач

Од:

Советникот на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја предава дипломатијата по трет пат“ со продолжување на поморската блокада наметната врз Иран.

– Како што беше предвидено, американскиот претседател ја предава дипломатијата по трет пат. Со продолжување на поморската блокада и претерување со преговорите, тој докажа повеќе од кога било дека не е преговарач и дека се стреми кон други цели, рече Резаи на X.

Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, во кои беа убиени високи ирански функционери, вклучувајќи го и лидерот ајатолахот Сејед Али Хамнеи.

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со советниците за национална безбедност за договорот со Иран заврши во петокот по два часа без одлука, изјави за „Њујорк тајмс“ висок функционер на американската администрација.

Изворот на весникот рече дека договорот е сè уште блиску, но дека одредени прашања сè уште треба да се разгледаат, вклучително и одмрзнувањето на иранските средства.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк