Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Од:

Во источната авганистанска покраина Лагман, 18 лица загинаа, повеќето од нив жени и деца, а 30 беа повредени кога камион што превезувал неодамна вратени авганистански бегалци се преврте во среда, соопшти покраинската полиција.

Според соопштението, несреќата се случила во регионот Сурхакан на автопатот што го поврзува Кабул со источните покраини, кога возачот ја изгубил контролата, поради што возилото се лизнало од патот и се превртело, објави Синхуа.

Полицијата потврди дека 18 лица, меѓу кои 10 деца и пет жени, починале на самото место, додека 30 повредени биле однесени во блиските болници, од кои неколку се во критична состојба. Прелиминарните резултати од истрагата покажаа дека несовесното возење е главната причина за несреќата.

Сообраќајните несреќи се една од водечките причини за смрт во Авганистан поради невнимателно возење, преоптоварени возила, лошо одржувани патишта и недоволна транспортна инфраструктура во земјата.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ