Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022, тоа ја прави екстрадицијата речиси невозможна

Од:

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, објави истражувачкиот портал „VSquare“, повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според истите извори, Груевски и натаму престојува во Унгарија, што значително ги намалува шансите за негова екстрадиција во Северна Македонија.

Според порталот, државјанството му било доделено врз основа на „државен интерес на Унгарија“, а тоа му обезбедува многу посилна правна заштита од политичкиот азил што претходно го доби од владата на Виктор Орбан.

„VSquare“ наведува дека, за разлика од азилот, кој може да биде укинат, одземањето државјанство е сложена правна процедура и би барало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција. Во конкретниот случај, тоа би значело истрага и за највисоки претставници на тогашната унгарска власт.

Темата повторно се актуелизираше по политичките промени во Унгарија и најавите на новиот премиер Петер Маѓар дека земјата повеќе нема да биде засолниште за лица обвинети за криминал. По тие пораки, дел од политичарите кои добија азил во Унгарија веќе ја напуштиле земјата.

Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузен „мерцедес“ вреден околу 600.000 евра.

Тој преку Албанија, Црна Гора и Србија стигна во Унгарија, каде што доби политички азил. Во јавноста тогаш се појавија информации дека при бегството користел унгарско дипломатско возило и дека имало помош од унгарски служби.

Во април годинава, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува Груевски да се врати во земјата, но ако тоа се случи, „ќе оди во затвор“.

Би можело да ве интересира

Виктор Орбан ги повикува поддржувачите да се спротивстават на „тиранијата“ на Петар Маѓар

Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој му престанува мандатот

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Петер Маѓар ги критикуваше Фидес и унгарскиот претседател Тамаш Шуљок

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Унгарија се одржа првиот прајд во пост Орбан ерата