Судијата Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000 евра кај неговите родители

Од:

Во Основниот кривичен суд во Скопје започна судскиот процес против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет во случајот со 350.000 евра пронајдени скриени во ѕид од семејната куќа во Неготино. На почетокот од рочиштето, Ристов изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.

Според обвинението, во домот на неговите родители беа откриени непријавени и неевидентирани пари, спакувани во 13 пакувања и сокриени во шуплини во ѕид од кујната. Обвинителството тврди дека средствата немаат законско потекло и дека биле прикривани.

Случајот произлезе од истрагата против поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа, кој беше уапсен при примање 50.000 евра. Во текот на постапката, тој посочил дека парите биле наменети за посредување кај судијата Ристов за укинување мерка притвор.

Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведното излагање наведе дека Обвинителството ќе докажува кривични дела перење пари и трговија со влијание. Таа посочи дека станува збор за значителна сума, која според обвинението не може да се оправда со законски приходи.

Одбраната, пак, тврди дека обвинението е без цврсти докази. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ оцени дека случајот е конструиран врз претпоставки и најави дека ќе се докажува оти парите биле сопственост на родителите на Ристов и дека нивниот имот бил легално стекнат.

Ристов, кој претходно долги години работеше како судија во Кривичниот суд, за првпат се соочува со обвинение и судски процес како обвинет.

Би можело да ве интересира

Обвинителството тврди: ДНК доказите клучни во обвинението против апелациониот судија Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Горан Наумовски

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Обвинение за судијата Ѓоко Ристов кај чии родители беа пронајдени 350 илјади евра

Катерина Ѓуровски

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Камбовски: Истрагата ќе утврди дали има одговорност кај судијата Ристов

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор, одбиена му е жалбата

А1он