ВИДЕО: Израел го уби новиот шеф на военото крило на Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Израел Кац објавија дека израелската армија во Појасот Газа извршила воздушен напад во кој бил убиен Мохамед Одех, новоназначениот командант на Бригадата Ал Касам, военото крило на Хамас.

Во заедничката изјава на Нетанјаху и Кац се наведува дека нападот бил извршен по нивна наредба, како и дека Одех бил еден од организаторите на нападот на 7 октомври 2023 година и дека во времето на тој напад бил шеф на разузнавачката служба на Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот јавен радиодифузер Кан објави неименуван израелски функционер кој потврдил дека Одех е убиен, додека телевизијата Канал 12, повикувајќи се на безбедносни извори, изјавила дека операцијата била „успешно извршена“.

Во израелското соопштение се наведува и дека Одех е одговорен за „убиствата, киднапирањата и повредите на бројни израелски цивили и војници“.

Нетанјаху и Кац на крајот изјавија дека израелската армија и безбедносната служба Шин Бет на Израел ќе продолжат со операциите против одговорните за нападот од 7 октомври, со порака дека „Израел ќе ги фати сите сторители порано или подоцна“.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

Хамас избра нов лидер

А1он

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег