Топлотен бран ја зафати Европа, први жртви во Франција

Од:

Западна и Централна Европа беа погодени од топлотен бран невообичаено рано оваа година, а високите температури ги однесоа првите жртви.

Седум смртни случаи поврзани со топлината се пријавени во Франција. Портпаролката на владата Мод Брезеон денес за TVF1 изјави дека имало најмалку пет случаи на давење и два смртни случаи на спортски настани, објави германската агенција dpa.

На западот од Франција, портокаловото ниво на предупредување е веќе на сила, а метеоролошката служба објави температури до 36 степени, а владата ги повика сите Французи да бидат внимателни.

Вчера, во тој дел од Франција, беше забележана највисоката температура за ова време од годината откако се вршат редовни мерења.

Историскиот топлотен бран ја погоди и Велика Британија. Синоќа во лондонското предградие Кенли, температурата не падна под 21,3 степени, а на југозападниот дел од Лондон температурата вчера достигна 34,8 степени.

Британската метеоролошка служба за денес прогнозира температури до 35 степени, а во попладневните часови се очекуваат бури. Претходниот мајски рекорд во Велика Британија од 32,8 степени е измерен во 1922 и 1944 година.

Температури кои далеку ќе надминат 30 степени се прогнозираат за денес попладне и во Шпанија. Ова првенствено се однесува на градовите во Екстремадура, каде што се очекуваат температури до 36 степени, и во Андалузија, каде што метеоролозите очекуваат околу 35 степени за Севиља и Кордоба.

Слична температура се предвидува и за поширокото подрачје на Мадрид, за Сарагоса и Баскија. Сепак, ваквите температури не се невообичаени за Шпанија дури ни во мај.

Во Германија, според тамошните метеоролозите, рекордот од 36,6 степени од 1922 година нема да биде соборен и топлотниот бран се намалува, но до крајот на неделата се очекуваат температури до 33 степени на југот од земјата.

Според германската метеоролошка служба DWD, западна и централна Европа моментално е под еден вид топлотно ѕвоно, во кое сонцето низ безоблачно небо го загрева воздухот сè повеќе и повеќе.

Покрај тоа, топол и сув воздух пристигнува од Африка, кој со себе носи прашина од Сахара, што ги објаснува сегашните високи температури, пишува dpa.

Би можело да ве интересира

Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура, измерени 43,7 степени

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

Наредната недела нов топлотен бран со температури и над 40 степени

ВИДЕО: Екстремниот топлотен бран во Европа однесе 2300 животи

Катерина Ѓуровски

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени