Едно лице е убиено, а четворица се повредени во рускиот напад врз Одеса, објави началникот на Воената администрација на Одеса, Серхиј Лисак.
„Тукушто дознавме дека една од повредената починала. Лекарите се бореа за нејзиниот живот до последен момент, но повредите беа претешки“, рече Лисак на Телеграм, објави Укринформ.
Според него, нападот оштетил инфраструктурен објект, додека ударниот бран скршил прозорци во образовна институција и блиски станбени згради.
Специјалисти од регионалната администрација во моментов ја проценуваат големината на штетата. Украинската агенција Укринформ претходно објави дека Одеса била цел на руски напад, во кој биле повредени неколку лица.
