„Не наседнувајте на блефот на неуспешен претседател, времето работи против Американците“

Од:

Пратеникот на Иран, Ебрахим Резаи, портпарол на моќната парламентарна комисија за надворешна политика и национална безбедност, објави пркосна порака во услови на дипломатски напори за постигнување договор.

„Додека во војната нашата тактика беше око за око, во дипломатската војна е акција за акција“, напиша Резаи на социјалната мрежа X. „Не наседнувајте на блефот на неуспешниот претседател, времето работи против Американците. Ако сакаат договор, нека преговараат. Ако сакаат бензин за шест долари, нека стојат цврсто и нека блефираат до бесвест. Иран не се поклонува пред сила или закани“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран: Погодени се американските воени бази и складиштата за гориво во регионот

Американците користат ново оружје против Иран

САД утре ќе воведе поморска блокада на Иран

Багеи: Акциите против САД се самоодбрана, а не воена конфронтација

Техеран: „Пламенот на војната ќе го зафати целиот регион“

Саудиска Арабија го бомбардираше на Јемен

Горан Наумовски