Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Од:

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна – секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители.

Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија насловена „Од слово до вечност“, премиерот рече дека денес, одбележувајќи го делото на светите браќа Кирил и Методиј, ние не зборуваме само за двајца просветители од деветтиот век, туку за темелот на една цивилизациска идеја дека човекот е вистински слободен само тогаш кога има право да мисли, учи, создава и да говори на свој јазик.

– Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, култура и на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината над темнината, победа на знаењето над покорувањето. Народ што не ја познава својата писменост и култура, лесно станува туѓ во сопствената историја. Тоа не е само историска поука, ова е и современо предупредување, порача Мицкоски.

Рече дека во време на огромен технолошки напредок кога светот се движи со невидена брзина и кога вештачката интелигенција, дигиталните технологии и глобалните процеси отвораат нови хоризонти, но и носат опасност од површност и духовно осиромашување, повеќе од кога било, ни е потребно образование кое нема да спознава само луѓе со дипломи, туку луѓе со вредности, карактер и критичка мисла.

– Вистинското образување не е акумулација на информација, тоа е способност на човекот да разликува вистина од манипулација, вредност од привид. Образованието е најмоќното оружје со кое можеме да го промените светот, а и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот