Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека економската состојба во државата е сериозно влошена, народот тоне во сиромаштија а Владата нема никакви мерки за заштита на граѓаните во услови на криза. Филипче посочи дека синдикалната кошничка достигна речиси 69.000 денари, додека платите на голем број работници не се доволни ниту за покривање на основните трошоци за живот.

„Нема никакви мерки да се заштитат граѓаните во услови на криза. Синдикалната кошничка достигнува речиси 69 000 денари. Три минимални плати практично не се доволни да се покрие оваа кошничка, а Владата дури и ги крати продуктите кои што влегуваат во кошничката – каква манипулација“, рече Филипче.

Тој додаде дека голем број работници живеат со примања со кои едвај се покриваат основните трошоци за живот, во услови кога инфлацијата урива рекорди.

„Околу 160 000 работници земаат плата до 30.000 денари и тоа едноставно не е доволно да се надмине прагот на сиромаштијата во просечното македонско работничко семејство. Стапката на сиромаштија достигна 27,9 % во првата година од владеењето на ВМРО групата. Инфлацијата достигна 5,7 %, додека во еврозоната е околу 3%“ рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека со кризата на Блискиот Исток и поскапувањата на горивата, спиралата на пораст на цените е започната, а Владата не донесе реални и конкретни мерки за да им помогне на граѓаните.

„Новите поскапувања на горивата едноставно доведоа да поскапе сè друго. Мерки не се воведоа навремено. Спиралата на покачување на цените започна. И дури и ако се стабилизира цената на горивата, а засега нема најава дека војната во Блискиот Исток ќе се смири, тие цени никогаш веќе нема да се вратат на претходното ниво“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Од собирот во Куманово упатена поддршка за Александар Вучиќ

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим