Формирано Здружение на металурзи – експертите бараат науката да има поголем глас во дебатата за рударството

Од:

Се формира ново Здружение на металурзи, кое има за цел во јавната дебата конечно поголем простор да добијат науката, експертите и стручните анализи. Новото здружение се формира во време кога Македонија сè поинтензивно дебатира за иднината на рударството, индустријата и критичните минерали и се засилуваат ставовите за да се искористат потенцијалите на рудното богатство како што наоѓалиштата кај Иловица и Плавица, вредни стотици милиони евра, за економски развој на државата и повисок животен стандард на граѓаните.

Информацијата ја објави колумнистот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата најнова колумна, во која пишува дека професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје иницирал создавање на здружение кое ќе работи на афирмација на металургијата и стручниот пристап во индустрискиот развој.

„Професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Кирил и Методиј- Скопје како претседател се одважи да ги обедини, односно сплоти металурзите во една голема целина и заедно да се спротивстават на сите лаги и измами кои се шират во јавноста од страна на самопрогласени екологисти. Поради оваа причина со рационално реорганизирање на Здружението на металурзи и заедно со своите потпретседатели, совесни професори и членови инженери го одлучија следново. Стоп на лагите на екологистите поради тоа што ниту еден од нив не разбира технологија ниту пак прочитал некаква литература која ја објаснува металургијата и индустријата во целост . За тоа како лажат екологистите подржани од дневно политички математики и некои новинари, а се е од лукративни причини“, наведува Грозданов во колумната.
Тој оценува дека во Македонија предолго доминирале политички и популистички дебати околу рударството, додека гласот на инженерите, професорите и експертите останал на маргините.

„Која е визијата на металурзите? Многу е едноставна. Јас ќе набројам неколку параметри: Првенствено да се врати достоинството на професија металург; Кога се збори за било каква технологија за метал, за тоа може да говори само металург; Во Македонија постојат наоѓалишта со метал вреден минимум 100 милијарди евра и тоа исклучиво во источните предели на државата; Индустријата во овој момент има 20 проценти импакт врз БДП и металурзите заедно со рударите и геолозите сакаат да биде 26 проценти; Преку рударско-металургиски комбинати да се намали дефицитот кај извозот на Македонија за 28 проценти; Минимална плата од 1200 евра во овие геолошко-рударско-металургиски комбинати; Комплетна заштита на животната средина преку Нови достапни технологии (НДТ) во согласност со правилата на Европската Унија; Комплетна дехидрација на сите хидројаловишта и заштита на ретките метали кои се во нив; Комплетно чистење на сите јаловишта пред се на Лојане, Велес и Југохром, ама, едно големо ама, тие се сите вредни како минерални суровини и затоа само металурзите знаат како мора да се изведе постапката; Вложување во образованието и тоа стипендирани од страна на геолошко-рударско-металургиските компании и стопирање на демографската девијација; Коалиција со сите кои работат во индустријата“, пишува Грозданов.

Тој појаснува дека современото рударство и металургија не можат да се разгледуваат надвор од научниот и технолошкиот контекст, особено во време кога светот води трка за бакар, литиум и критични минерали потребни за енергетската и дигиталната транзиција.
Грозданов во колумната наведува и повеќе аргументи зошто Македонија мора да го слуша стручниот кадар кога станува збор за индустрискиот развој. Меѓу нив се фактот што државата располага со природни ресурси, но и недостатокот на домашен капитал за самостојни големи инвестиции.

Во колумната се нагласува и дека без развој на металургијата и рударството Македонија тешко ќе може да фати чекор со современите индустриски трендови и европските економии, особено во услови кога критичните минерали стануваат прашање на економска и енергетск

Би можело да ве интересира

Милиони евра од рудниците Иловица и Плавица стојат на тацна – МАНУ дава препораки како да се искористат

Рудното богатство како економски адут: „Иловица-Штука“ со потенцијал за стотици милиони евра годишно

Стручни аргументи наспроти страв: кој ја води дебатата за рударството?

Сè помалку рудари, сè поголем пад – што го чека македонското рударство?

Грозданов: „Имаме 100 милијарди евра под земја, време е за знаење наместо хистерија“

Горан Наумовски

Опозицијата со поддршка за рударството – проблемот е само странскиот капитал