Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Од:

Трагично заврши деветчасовната потрага по 63-годишен жител на гостиварското село Форино, кој утрово бил пронајден мртов во атарот на селото Врапчиште.

Според информациите од полицијата, неговите роднини синоќа околу 21:30 часот во ОВР Гостивар пријавиле дека мажот не се вратил дома и дека не можат да го пронајдат. Тој работел како овчар на бачило во околината на Врапчиште.

По пријавата веднаш била организирана потрага, во која учествувале полициски службеници и пожарникари од Гостивар. По речиси девет часа пребарување на теренот, утрово околу 6 часот мажот бил пронајден без знаци на живот, во близина на пат што го градат приватни компании во атарот на Врапчиште.

Смртта ја констатирал лекар, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Би можело да ве интересира

Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Катерина Ѓуровски

Полицијата го пронајде беживотното тело на исчезнатиот скопјанец во водите на Охридското Езеро

Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Катерина Ѓуровски

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски