Во јајца спакувала дрога и се обидела да ја внесе во Идризова при посета на сопругот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.

Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин.

Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едно 5-месечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Би можело да ве интересира

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски

Обвинителството покренува истрага, АХВ со вонредни контроли по сомнежите дека гостиварци пиеле загадена вода

Катерина Ѓуровски

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

Го користел владиниот авион за приватни потреби, обвинителен предлог за екс директорот на СОЗР Пече Мирчески