ВИДЕО: Студентите на нов голем протест утре во Белград, Вучиќ најави избори наесен

Од:

Студентите во блокада во Србија за утре најавија нов протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, на местото каде пред нешто повеќе од една година се одржа еден од најмасовните собири во земјата во последните децении. Главното барање и овојпат останува исто – распишување вонредни парламентарни избори.

Протестот ќе се одржи на плоштадот Славија на 23 мај, во периодот од 18 до 20 часот. Според објавата на студентите на Инстаграм, пред централниот собир граѓаните ќе се собираат на четири различни локации – кај Земјоделскиот факултет во Земун, Правниот факултет, Автокоманда и Плоштадот на Републиката, од каде организирано ќе се упатат кон Славија. Собирите на овие точки се закажани меѓу 14 и 17 часот.

„Студентите и народот победуваат“, порачаа организаторите во објавата на социјалните мрежи.

За разлика од некои претходни протести, кои беа најавувани како можен „ден Д“, студентите сега не најавуваат радикални потези, туку велат дека ќе ги претстават своите идни чекори и визијата за Србија каква што сакаат да ја видат.

„Ќе ја претставиме Србија каква што сакаме да ја видиме во иднина и каква што сите заедно ќе ја создадеме преку организирани напори“, изјавија дел од студентите.

Тие повторно нагласија дека потенцијалната изборна листа, за која се шпекулира во јавноста, е составена исклучиво од луѓе избрани од студентите, со интегритет и без претходни јавни функции. Засега, сепак, нема официјална најава за програма или имиња.

Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изборите ќе се одржат „од крајот на септември до средината на ноември“, повторно повикувајќи ги студентите и, како што ги нарече, „блокадерите“, на дијалог.

„Ќе биде јасно по изборите – кој и да има мнозинство, ќе го спроведува својот план и програма. Како што ќе одлучат граѓаните, ние веднаш ќе ги признаеме резултатите“, изјави Вучиќ за РТС.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Русија нема да дозволи да биде поразена, загрижен сум за Иран, ако црните сценарија се остварат

А1он

Вучиќ: Пицула е кретен кој зборува често, кратко и глупаво

А1он

Вучиќ: Не сакам засега да објавувам кога ќе се одржат изборите

А1он

Вучиќ: Секој обид да се посочат страдањата на Србите се толкува како пресврт на минатото

А1он

Конаковиќ жестоко ја критикуваше Србија: Криете криминалци, Вучиќ го пречекува осудениот Додик и ѝ се заканува со војската

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите