Пезешкијан: Секој што мисли дека Иран ќе се предаде, живее во илузии

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран ќе се спротивстави на секој обид да се принуди Иран да се предаде, нагласувајќи дека соработката со Техеран треба да се заснова на меѓусебно почитување.

– Иран постојано ги почитува своите обврски и ги истражува сите можности за да избегне војна. Од наша страна, сите опции се отворени, објави Пезешкијан на својот профил X.

Пезешкијан нагласи дека принудувањето на Иран да се предаде не е ништо повеќе од илузија и посочи дека меѓусебното почитување во дипломатијата е многу помудро, побезбедно и поодржливо од војната.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, предупредувајќи дека Вашингтон би можел да преземе нови воени напади доколку не се постигне договор.

Трамп рече дека, шест недели откако операцијата „Епски бес“ беше суспендирана поради прекин на огнот, преговорите продолжуваат без голем напредок, но дека сè уште има простор за договор.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Збогатениот ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје останува во Иран

Горан Наумовски

Иран планирал напади во Германија

Иран се закани дека има ново, напредно оружје и дека нема да се воздржува да го користи

Трамп: Во последен момент го запрев нападот врз Иран

Пезешкијан: „Дијалогот не е капитулација“

САД: Иран мора да преговара или ќе се соочи со нови напади