Зеленски ја одложи посетата на Србија

Од:

По медиумските извештаи дека Володимир Зеленски сепак нема да ја посети Србија, Кабинетот на претседателот на Украина објави дека патувањето ќе се одржи на подоцнежен датум. Информацијата ја потврди Дмитро Литвин, советник за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Беше одлучено дека некои други датуми би биле посоодветни, додека Качка засега ќе патува таму за да се подготви теренот за одредени прашања“, рече Литвин како одговор на прашање за медиумските извештаи поврзани со посетата на Зеленски на Србија.

Претходно, српската телевизија Н1, повикувајќи се на извори од Белград, објави дека се очекува украинска делегација да пристигне во Србија подоцна оваа недела, и дека самиот Зеленски би можел да биде на нејзино чело. Но, украинскиот медиум ZN.UA подоцна објави дека Тарас Качка, потпретседателот на украинската влада за европска и евроатлантска интеграција, треба да отпатува во Белград.

Вучиќ и Зеленски разговараа по телефон вчера, а Зеленски потоа потврди дека Тарас Качка ќе ја предводи украинската делегација. Српскиот претседател Александар Вучиќ го опиша нивниот разговор како „отворен и конструктивен“.

Би можело да ве интересира

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

ВИДЕО: Зеленски откри детали за нападот на Кримскиот мост

ВИДЕО: Загина пилот на Војската на Србија во пад на МиГ-29 кај Стара Пазова

Катерина Ѓуровски