Силен земјотрес го погоди Перу

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето недалеку од брегот на Перу, објави Германскиот центар за геофизички науки (GFZ).

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри, соопшти GFZ, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за можни жртви или предизвикана материјална штета.

Вчера се тресеше тлото во Кина.

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина и одзеде два животи, а повеќе од 7.000 жители беа евакуирани.

Според кинескиот весник „Нанфанг Рибао“, во тек се операции за пребарување и спасување, а властите предупредија на сериозни прекини во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Најмалку петмина загинаа во силен земјотрес во Перу

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Турција

Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени, издадено е итно предупредување 

Предраг Петровиќ

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски