ОН: Најмалку 15.850 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Од:

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари 2022 година, во Украина се убиени 15.850 цивили, вклучувајќи 791 деца, објави канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, објави денес агенцијата Интерфакс-Украина.

Според ОН, повредени се 44.809 лица, вклучувајќи 2.752 деца.

„Вистинскиот број на жртви е веројатно многу поголем“, додава ОН.

Се известува дека најмалку 238 цивили биле убиени, а 1.404 ранети во Украина во април, што е најголем месечен број на цивилни жртви од јули 2025 година.

ОН додаде дека минатата недела имало еден од најголемите воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија.

Русија лансирала повеќе од 1.500 беспилотни летала и десетици ракети низ Украина на 13 и 14 мај, според ОН.

Би можело да ве интересира

Путин еднострано прогласи прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај

А1он

Украина првпат го гаѓаше рускиот град Екатеринбург

А1он

Руски дрон уби Украинец за време на велигденското примирје

А1он

Најмалку четири жртви во нападот на Одеса, Зеленски: Чист тероризам против цивили

А1он

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он