Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека одобрил нови операции на украинските сили и специјалните служби против Русија.
Зеленски изјави дека ги овластил специјалните служби и Одбранбените сили на Украина да спроведат нови операции, потсетувајќи на последиците од последните руски напади врз украинските градови, објави Укринформ.
Украинскиот претседател оцени дека ниту една украинска жртва во руските напади не останала без праведна одмазда.
