Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Од:

Собранието не ја прифати иницијативата на СДСМ за измени на Законот за Влада со кои министрите би можеле да имаат исклучиво македонско државјанство. Предлогот не ја доби потребната поддршка од владејачкото мнозинство, а за него гласаа само 20 пратеници од опозицијата.

Измените беа предложени од пратеничката група на СДСМ со образложение дека законското решение треба да биде усогласено со претходниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, според кој и пратениците би требало да имаат само едно државјанство.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, оливер Спасовски, истакна дека целта е истите критериуми да важат и за членовите на Владата, нагласувајќи дека граѓаните очекуваат највисоките државни функционери да имаат исклучиво македонско државјанство.

Во своето образложение тој посочи дека во актуелниот владин состав има министри со двојно државјанство, при што ја спомена и министерката за енергетика Санја Бозиновска.

Спасовски изрази очекување дека владејачкото мнозинство ќе покаже подготвеност за усогласување на законските решенија поврзани со државјанството на избраните и именуваните функционери.

Предлогот беше поднесен по скратена постапка, но по недоволната поддршка нема да продолжи понатамошната собраниска процедура.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули