Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Од:

Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница.

Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.

Министерот потсети дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано сомневање дека е стекнат од незаконски извори, независно од исходот на кривичната постапка.

– Низ анализата на постојните законски одредби и консултациите со стручната и академската јавност, институциите и меѓународните партнери, беа утврдени потреби за попрецизно и појасно уредување на повеќе прашања, со цел создавање функционален и правно одржлив систем, истакна министерот Филков.

Тој нагласи дека новиот Предлог-закон предвидува прецизирање на условите за поведување на постапката, јасно дефинирање на надлежностите на институциите, воспоставување механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност помеѓу имотот и законските приходи, уредување на мерките за обезбедување на имотот, како и заштита на правата на засегнатите и совесните лица.

Законското решение се темели врз начелата на законитост, пропорционалност, непристрасност, доверливост, транспарентност и итност, при што неговата цел не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со незаконски стекнат имот.

Би можело да ве интересира

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Филков: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски