(ВИДЕО) Шукова: Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар

Од:

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и омаловажувања кон нашата портпаролка и жените од СДСМ. Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност мора да има. Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар, изјави Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

– Сашо Тасевски да биде соодветно санкциониран и да му бидат блокирани видеата на социјалните мрежи полни со навреди и понижувања за жените. Сето ова е резултат на политиката на говор на омраза, поделби и пропаганда што со години ја гради ВМРО-ОКГ, со помош на орбановата мрежа на медиуми и ботови, ликови како Латас како медиумски координатор, и се тоа со амин лично на Христијан Мицкоски. Овие повампирени ликови од времето на Груевски, постојано шират навреди, лаги, конструкции и говор на омраза кон опозицијата, новинари, активисти и жени кои јавно говорат во името на СДСМ или против власта.

Армијата на ботови на ВМРО-ОКГ координирано шири клевети, омаловажувања и закани на социјалните мрежи. Станува збор за организирана кампања на омраза и деградација против неистомислениците.
Секој што размислува слободоумно, или што ја критикува владата е таргет. Оваа организирана криминална бданка систематски го дели општеството, создава вештачки поделби и поттикнува атмосфера во која омразата станува политичка алатка. „Талог на опшеството“, „мочуриште“, „мекотели“, целата оваа реторика е дел од таа политика и атмосфера што се создава. Фактот што Унијата на жени на ВМРО не најде сила да ги осуди овие навреди и понижувања е уште една потврда.

Молчењето е охрабрување на насилството и соучешништво. До кога ќе молчите? Ова е прашање на достоинство и почит кон жените во нашето општество. Обединувањето на сите прогресивни сили околу Фронт за вистината и правдата значи продолжување на борбата против секоја форма на насилство, омраза и деградација на жените. За секоја жена. За секое семејство. За достоинствено и безбедно, европско општество, рече Шукова.

Би можело да ве интересира

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

Шукова: Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје

Горан Наумовски

Шукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!“

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето, град по мерка на човекот, не на автомобилите

Шукова: Граѓаните на Бутел сакаат нови улици, чисти паркови, поврзани населби и општина што ќе ги слуша нивните идеи

Горан Наумовски