Израел воведува закон за смртна казна против Палестинците на Западниот Брег

Од:

Шефот на Централната команда на израелската армија, Ави Блут, потпиша наредба со која се проширува израелскиот закон за смртна казна на Палестинците во окупираниот Западен Брег, објави денес „Хаарец“.

Законот ќе се применува на оние кои ќе извршат дело „со цел да го негираат постоењето на државата Израел“.

Според израелскиот весник, правните и безбедносните службеници предупредија против примената на законот на Западниот Брег, бидејќи Палестинците на територијата не се израелски државјани.

Во март, израелскиот парламент, Кнесетот, донесе контроверзен едностран закон за Палестинците осудени за убивање Израелци во акти на „терор“ и се воздржа од изрекување на истата казна на израелските Евреи осудени за убивање Палестинци.

Би можело да ве интересира

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

„Одете по ѓаволите“: Венс жестоко одговори на наводите за притисок врз Белата куќа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа