Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Од:

Во Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип утринава во 4.24 часот од вработените во Клиничка болница-Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата 25 – годишна мајка Ѓ.У. од село Конче, Радовишко го родила во домот.

– Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг 33 годишниот К.У. од село Конче, при што било утврдено дека околу 2 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот – соопштуваат од СВР-Штип.

Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Во Шефилд e пронајдено тело на новороденче, засега седум лица се уапсени

Горан Наумовски

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во поликлиниката „Драчево“

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски