Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Од:

Тврдењето дека во Македонија биле вршени “непотребни операции на срце” добива поинаква и попрецизна рамка по досега објавените информации од медиумите. Странските експерти не утврдиле операции без медицинска основа, туку посочиле на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација.

Според досега пренесените информации, странските експерти не го квалификувале случајот како изведување операции без медицинска основа. Наместо тоа, тие укажале на сомнителни наоди во дијагностичката евалуација.

Тоа значи дека спорниот дел не се однесува директно на самиот оперативен зафат, туку на медицинската проценка што претходела на донесувањето одлука за интервенција. Пред да се пристапи кон ендоваскуларен или хируршки третман, се спроведува коронарографија, се анализираат ангиографските снимки, се изготвува медицински извештај и се утврдува дали постои соодветна медицинска индикација за интервенција.

Како што може да се потврди и од изјавата на министерот за здравство Азир Алиу, фокусот не е ставен на самиот оперативен чин, туку на дијагностичко – евалуацискиот процес што му претходел на носењето одлука за процедура.

Тоа значи дека вниманието треба да биде насочено кон тоа како биле читани ангиографските снимки, како бил составен писмениот извештај и дали врз основа на тие наоди била поставена соодветна медицинска индикација.

Квалификацијата “непотребни операции на срце“ не е утврдена од експертските наоди и е неоснована
Формулацијата “сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација“ не е исто што и директен заклучок дека биле вршени “непотребни операции на срце“.

Таа укажува дека спорниот дел е во проценката, толкувањето и документирањето на медицинските наоди, како и во одлуката што потоа произлегла од нив.

Оттука, случајот не ја потврдува поедноставената теза дека пациенти биле оперирани без потреба. Досега објавеното упатува на сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и на потреба од стручна проверка на процесот на поставување индикации. Квалификацијата дека биле вршени “непотребни операции на срце“ е значително потешка и не е директно утврдена од странските експерти.

Би можело да ве интересира

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

А1он

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

Врховен суд ќе одлучува дали Доведен ќе биде изземена од предметот со петгодишното дете

Предраг Петровиќ

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки