(ВИДЕО) Евровизија во знакот на спектаклот: Бугарија блесна, Кипар ја вжешти сцената

Од:

Второто полуфинале на Евровизија заврши и познати се сите финалисти кои ќе се натпреваруваат за победникот на Евровизија 2026, во сабота, 16 мај.

Синоќа, вечерта ја отвори бугарската претставничка DARA со песната „Bangaranga“, носејќи динамичен поп-настап со впечатлива сценографија и модерна продукција. Настапот беше проследен со силна кореографија и визуелни ефекти, со што Бугарија уште на стартот ја подигна атмосферата во салата.

Особено внимание предизвика романската претставничка Alexandra Căpitănescu со песната „Chok Me“, која уште пред настапот беше тема на бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од публиката и критичарите ја оценија песната како провокативна и контроверзна поради текстот, додека пејачката објасни дека станува збор за уметничка метафора за емоционален притисок и внатрешни сомнежи.

На сцената се истакна и кипарската претставничка Antigoni, која со песната „JALLA“ приреди енергичен и визуелно впечатлив настап. Комбинацијата од ориентални елементи, современи ритми и силна сценска изведба ја вжешти атмосферата во арената, а настапот беше проследен со бурни реакции од публиката.

Публиката низ цела Европа сега има комплетен список на земји кои се квалификуваа за финалето на Евровизискиот натпревар за песна 2026. Еве го комплетниот список на финалисти:

Грција: Akylas – „Ferto“
Финска: Linda Lampenius & Pete Parkkonen – „Liekinheitin“
Белгија: Essyla – „Dancing on the Ice“
Шведска: Felicia – „My Sistem“
Молдавија: Satoshi – „Viva, Moldova!“
Израел: Ноам Бетан – “Michelle”
Србија: Лавина – “Kraj mene”
Хрватска: Лелек – “Andromeda”
Литванија: Лав Цека – „Sólo Quiero Más“
Полска: Алича – “Pray”
Италија: Сал да Винчи – „Per Semper Sì“
Франција: Монро – „Регард!“
Германија: Сара Енгелс – „Fire”
Велика Британија: Гледај мама нема компјутер – „Eins, Zwei, Drei“
Австрија: COSMÓ – „Tanzschein“
Норвешка: Јонас Ловв – „YA YA YA“
Австралија: Делта Гудрем – “Eclipse”
Бугарија: ДАРА – „Бангаранга“
Романија: Александра Капитанеску – “Choke Me”
Малта: АИДАН – „Бела“
Украина: LELÉKA – „Ridnym“
Албанија: Алиса – „Нан“
Кипар: Антигони – „Јала“
Данска: Сорен Торпегард Лунд – „Før Vi Går Hjem“
Чешка: Даниел Жижка – “CROSSROADS”

Би можело да ве интересира

Евровизиска еуфорија: Србија и Хрватска изборија место во финалето

Горан Наумовски

Израел доби зелено светло за Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Горан Наумовски

Мерц: Ако Израел биде исклучен, Германија нема да учествува на Евровизија 2026

А1он

Дебакл на Еуросонг 2026 – уште една земја се повлекува од натпреварувањето

А1он

Манипулација на Евровизискиот натпревар? Европратеници бараат да се објават сите податоци од гласањето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ